Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денес, на прес-конференција, предупреди на, како што вели, сериозните ризици што изградбата на дата-центрите може да ги предизвика врз водата, земјоделството и ценатата на струјата, а кои, вели, ги турка Владата. Филипче посочи дека станува збор за центри што за својата работа користат огромни количества вода, која дополнително се загрева, и какви последици може да има тоа врз реките и биодиверзитетот. Освен за водата, тој отвори прашања и за, како што посочува, огромната потрошувачка на електрична енергија од дата-центрите, можните последици врз цената на струјата и потребата од дополнителен увоз.