Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, одржа средба со генералниот директор на ЕВРОКОНТРОЛ, Раул Медина, на која се дискутираше за унапредување на капацитетите на Македонската агенција за цивилно воздухопловство и развој на авиосообраќајот, кој бележи значително зголемување во бројот на операции и патници. Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со Раул Медина , генералниот директор на „ ЕВРОКОНТРОЛ “. Присутни на средбата беа и Драги Стојаноски, директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство и Владимир Ристески, директор во М-НАВ. На средбата беше разгледана досегашната соработка со „ЕВРОКОНТРОЛ“ и можностите за нејзино унапредување, со посебен фокус на зајакнување на капацитетите на воздухопловните власти во Македонија.