Делегација од Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол (Joint… Делегација од Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол (Joint Force Command Naples – JFCNP), предводена од командантот адмирал Џорџ М. Викоф, од вчера 9 септември 2026 година, се наоѓа во дводневна посета на државата и Армијата. Во рамки на посетата заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски остварив средба со адмиралот Викоф, објави на својот ФБ профил, вицепремирот и министер за транспорт Александар Николоски. Во објавата, тој понатаму додаде: „На средбите се разговараше за актуелната безбедносна состојба во регионот, постигнувањето на НАТО целите на способност, можностите за реализација на вежбовни активности на македонска територија, како и унапредување на интероперабилноста и натамошното зајакнување на соработката во рамки на Алијансата.