Повеќе од половина век по „Куќа што молчи“, Љупчо Димитровски го продолжува поетскиот разговор со домот, молкот, паметењето и зборот. „Куќа што молчи немерливо“ е нова стихозбирка што може да се чита и како продолжение и како целосно самостојно дело. Во недела, на 30 август 2026 година во 12 часот, КЛИК е-издаваштво ќе ја објави „Куќа што молчи немерливо“, новата стихозбирка на Љупчо Димитровски и Издание 2 на поетскиот свет започнат со неговата дебитантска „Куќа што молчи“.