Пратеничката на Левица, Јована Мојсоска, на денешната седница во Собранието остро реагираше на предложеното бришење на посебните услови за именување директор на Фондот за здравствено осигурување, посочувајќи дека ДПМНЕ наместо да избере кадар кој ги исполнува законските критериуми, ги менува самите критериуми за да му овозможи на својот партиски кадар Перински да биде именуван за директор на институција која располага … Пратеничката на Левица, Јована Мојсоска, на денешната седница во Собранието остро реагираше на предложеното бришење на посебните услови за именување директор на Фондот за здравствено осигурување, посочувајќи дека ДПМНЕ наместо да избере кадар кој ги исполнува законските критериуми, ги менува самите критериуми за да му овозможи на својот партиски кадар Перински да биде именуван за директор на институција која располага со буџет од околу 900 милиони евра. Со досегашните законски решенија, покрај општите услови, за директор на Фондот беа предвидени и посебни критериуми во однос на образованието и стручната подготовка, односно завршено високо образование од областите на менаџментот, економските науки, финансиите, бизнис-администрацијата, менаџментот во јавното здравство или правните науки. Сега, рече Мојсоска, наместо овие критериуми да се унапредат и дополнително прецизираат за една од најзначајните државни институции, ДПМНЕ предлага нивно бришење.