Уставниот суд одлучи да не поведе постапка за одредбите од Изборниот законик со кои се уредуваат пристапот до медиумскиот простор и распределбата на јавните средства за платено политичко рекламирање, истакнуваат од Левица. Иницијативата на Левица овие одредби, појаснуваат од партијата, ги оспоруваше како дискриминаторски, затоа што создаваат систем во кој политичките субјекти не влегуваат во изборната трка под еднакви услови, … Уставниот суд одлучи да не поведе постапка за одредбите од Изборниот законик со кои се уредуваат пристапот до медиумскиот простор и распределбата на јавните средства за платено политичко рекламирање, истакнуваат од Левица. Иницијативата на Левица овие одредби, појаснуваат од партијата, ги оспоруваше како дискриминаторски, затоа што создаваат систем во кој политичките субјекти не влегуваат во изборната трка под еднакви услови, туку едни однапред добиваат привилегиран пристап до јавни пари и медиумски простор, додека Левица е исклучена и од распределбата на јавните средства и од можноста воопшто да користи платено политичко рекламирање.