Центар за дневен престој на стари лица со активно стареење е отворен денеска во Гевгелија, што е уште еден важен чекор кон создавање подобри и подостапни социјални услуги во заедницата. Центарот е наменет за лица над 65 години, особено за оние кои живеат сами, се соочуваат со осаменост и социјална изолација или имаат потреба од дневна поддршка, дружење и активности. Со капацитет за 50 корисници, Центарот ќе биде место за дружење, одмор, креативни, културни, едукативни и рекреативни активности, како и здравствено-превентивни содржини – со една јасна цел: повозрасните граѓани да имаат достоинствен, активен и квалитетен живот, изјави министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.