По повод 2 Август, Денот на Републиката, на сите граѓани на Македонија… По повод 2 Август, Денот на Републиката, на сите граѓани на Македонија им го честитаме празникот. Овој ден нè потсетува на историските стремежи за слобода, еднаквост и правда, вредности врз кои се темели нашата Република и кои го определуваат нејзиниот мултиетнички карактер, се наведува во честитката од ВРЕДИ. Овој празник е и можност да се осврнеме на патот што заеднички го изминавме како држава и општество, како и да ги зајакнеме меѓусебното разбирање, соработката и посветеноста на општото добро, без оглед на етничките, верските или политичките разлики.