Манастирот „Свети Јован Крстител“, попознат како Бигорски манастир, ги кани верниците на… Манастирот „Свети Јован Крстител“, попознат како Бигорски манастир, ги кани верниците на традиционалното одбележување на главната манастирска слава во спомен на Отсекувањето на чесната главата на Свети Пророк, Претеча и Крстител Господов Јован. За време на празничното бдение, кое почнува утревечер во 19 часот, тројца искушеници ќе го примат монашкиот чин. Монашкиот чин ќе биде извршен во присуство на митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, кој ќе претстои на празничното бдение.