Официјално започнаа подготовките за реализација на инвестиција од 74 милиони евра за Клиничката болница во Тетово – најголемиот и најзначаен проект во историјата на оваа здравствена установа, најавија од „Вреди“ Оваа инвестиција, како што велат, е уште еден доказ дека „Вреди“, како партнер во Владата, спроведува политики на конкретни резултати, а не празни ветувања. Според нив, овој повеќемилионски проект не … Официјално започнаа подготовките за реализација на инвестиција од 74 милиони евра за Клиничката болница во Тетово – најголемиот и најзначаен проект во историјата на оваа здравствена установа, најавија од „Вреди“ Оваа инвестиција, како што велат, е уште еден доказ дека „Вреди“, како партнер во Владата, спроведува политики на конкретни резултати, а не празни ветувања. Според нив, овој повеќемилионски проект не е само рекордна бројка, туку гаранција дека граѓаните на Тетово и Полошкиот регион ќе добијат поквалитетни, побезбедни и поефикасни здравствени услуги, без потреба да бараат лекување надвор од државата.