Охрид повторно ќе биде во знакот на културата, традицијата и уметноста, со… Охрид повторно ќе биде во знакот на културата, традицијата и уметноста, со „Ноќта на музеите“ што вечер ќе се одржува на 12 локации низ стариот дел на градот. Во рамки на четиричасовната културна програма „Охрид – Град музеј“, посетителите ќе имаат можност да посетат 12 интересни локации и да се запознаат со различни сегменти од охридското културно и историско наследство преку изложби, демонстрации, дегустации, работилници и уметнички настапи. Програмата започнува од Долна порта, предвидена како место за средба, по што посетителите ќе можат да ги проследат активностите на повеќе локации долж улицата „Цар Самоил“.