Апартмани, соби и вили што се изнајмуваат преку интернет-платформи, под лупа на… Апартмани, соби и вили што се изнајмуваат преку интернет-платформи, под лупа на институциите. Охрид бара фер конкуренција во туризмот, а УЈП најавува засилена соработка со локалната самоуправа и туристичкиот сектор за да се пријавува секој остварен доход и да се плаќа данокот. Од Општина Охрид велат дека целта е да се стави ред и во онлајн изнајмувањето, каде што, како што посочуваат, мора да важат исти правила за сите.