„Пет пожари се под контрола, а 12 се изгаснати Покрај пожарот во општина Штип, помеѓу селата Селце, Пухче, Степанци и Лакавица, каде гори ниска вегетација, активни пожари има во општина Струга на територија на селата Пискупштина, Луково и Буринец, каде гори шума, во општина Сарај во регионот на селата Копаница и Радуша (нискостеблеста шума и ниска вегетација), во Долно Арнакија, општина Сарај (ниска вегетација), како и во село Гошинце, општина Липково (миска шума). (МИА) Во гаснењето на пожарот во Лакавичкиот Регион во општина Штип се вклучуваат и ер тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и два хеликоптери на МВР и на АРМ, најави во вонредната изјава од лице место директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.