Земјоделските производители да продолжат со редовно наводнување, особено овие денови, кога, според… Земјоделските производители да продолжат со редовно наводнување, особено овие денови, кога, според прогнозата, температурите ќе достигнат 40 степени. Да се наводнува исклучиво во ноќните или раните утрински часови, за да се спречи шок кај коренот на растенијата и големо испарување, препорачуваат агрометеоролозите од УХМР. Како што истакнуваат, топлото време ги зголемува транспирацијата евапорацијата, што доведува до поголема потрошувачка на вода.