Под контрола се пожарите кај селата Алданци и Норово и кај Борино и Житоше во општина Крушево и на депонијата во Кратово Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 3 се под контрола, а 18 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.
„Под контрола се пожарите кај селата Алданци и Норово и кај Борино и Житоше во општина Крушево и на депонијата во Кратово.
Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 3 се под контрола, а 18 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.
„Активни пожари има кај с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер во општина Студеничани каде што годи мешана шума и кај Видуш, Драгов Дол и Локвица во општина Македонски Брод каде што е запалена ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.