Годинава наградата достигна до повеќе земји од кога било досега.
„„Во време кога улогата на младите во обликувањето на општеството премногу често се потценува, поважно од кога било е да ги препознаеме оние кои создаваат позитивни промени во своите заедници и пошироко преку храброст, морални убедувања и конкретна акција.
„Академијата „Раул Валенберг“, во соработка со Шведскиот институт и амбасадите на Шведска, со гордост ги објави овогодишните добитници на наградата Young Courage Award (Награда за младинска храброст). Наградата им оддава признание на млади лица на возраст од 13 до 20 години кои, и покрај ограничените ресурси, дејствувале во духот на Раул Валенберг, покажувајќи исклучителна храброст и извонредна иницијатива.