Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, посетувајќи ги културните установи во Струга, се запозна со нивната работа, со состојбите и потребите за подобрување. Особено внимание беше посветено на значењето на наследството и поетската традиција во градот Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани во Струга ги посети Националната установа Музеј „Д-р Никола Незлобински“ , Националната установа Центар за култура „Браќа Миладиновци“, како и Спомен-домот на браќата Миладиновци. Во разговорите со директорите на установите, министерот се запозна со нивните тековни активности, програмите и плановите, како и со состојбата и потребите за нивното натамошно функционирање.