Во салата веќе се заменети светилките на плафонот, а старите фен-којлери се заменети со нови инве Во салата веќе се заменети светилките на плафонот, а старите фен-којлери се заменети со нови инвертер клима-уреди. Во тек се работите на електричната инсталација во гардеробите, стругањето и лакирањето на паркетот, замената на подот и вратите во гардеробите, како и молерско-фарбарските работи во целата сала и гардеробите. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека се користат последните денови пред почетокот на учебната година за да се завршат сите предвидени активности.