Општина Битола објави јавен повик за доделување еднократна финансиска поддршка за рехабилитациски… Општина Битола објави јавен повик за доделување еднократна финансиска поддршка за рехабилитациски третмани на деца со попреченост на возраст од три до седум години. Од тамошната локална самоуправа информираа дека целта на јавниот повик е обезбедување финансиска поддршка за рехабилитациски, дефектолошки, логопедски, сензорни, психолошки и други стручни третмани за деца со попреченост, со цел унапредување на нивниот психофизички развој и социјална инклузија. Право на користење парична помош има дете со попреченост кое е на возраст од 3 до 7 години, родителите или старателите да немаат вкупни месечни примања повисоки од 70.000 денари, да користи или да има потреба од рехабилитациски третмани препорачани од стручно лице.