Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Одбележувањето на празникот на Мал Град и годинава беше можност жителите на Преспа да ја продолжат вековната верска и културна традиција поврзана со овој значаен храм и со Преспанскиот крај.
„Македонците во Мала Преспа го одбележаа Раѓањето на Пресвета Богородица на островот Мал Град Македонците во Мала Преспа го одбележаа големиот православен празник Раѓање на Пресвета Богородица – Мала Богородица, со богослужба во црквата „Света Богородица“ на островот Мал Град во Преспанското Езеро.
Црквата „Света Богородица“ на Мал Град претставува еден од најзначајните културно-историски споменици во Преспа.
„Сместена на островот Мал Град, во областа Мала Преспа, црквата датира од XIV век и претставува значаен споменик на средновековното македонско културно наследство во Преспанскиот регион.