Македонија гради поповолна клима за инвестиции, меѓународни партнерства и отворање нови работни… Македонија гради поповолна клима за инвестиции, меѓународни партнерства и отворање нови работни места. За ВЛЕН, економскиот развој треба да се мери преку можностите што се создаваат за граѓаните и бизнисите – се вели во соопштението од Вреди. Во таа насока, министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, оствари средба со министерот за труд на Државата Катар, Н.Е. д-р Али бин Самиһ Ал Мари, при што беше потпишан Меморандум за соработка во областа на трудот.