Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски и претседателот на Кошаркарската федерација на… Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски и претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Томе Главчев, потпишаа Меморандум за соработка со кој се зајакнува го партнерството меѓу Општина Куманово и КФМ. Нашата заедничка определба е јасна да создаваме подобри услови за развој и унапредување на кошарката, спортот и спортските вредности, како и да го афирмираме Куманово како град со богата спортска традиција и потенцијал за организација на големи спортски настани – информираше Димитриевски. Во рамките на договорената соработка, двајцата се согласуваат Суперкупот на Македонија во машка и женска сениорска конкуренција да се одржи во Куманово на 26 или 27 септември 2026 година.