Активностите за прочистување и одржување на канализационата мрежа продолжуваат и утре во Нерези, со фокус на критичните делови од мрежата, со цел обезбедување подобра проточност и поефикасно функционирање на канализациониот систем.
„Општина Карпош продолжува да биде присутна на терен и да работи во интерес на граѓаните, со конкретни активности и координирана институционална соработка Општина Карпош, во соработка со ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, продолжува со реализација на активности за прочистување и одржување на канализационата мрежа, со цел навремено решавање на критичните точки и подобрување на условите за живот на граѓаните.