Општина Карпош воспоставува нова форма на соработка со Националната установа „Природонаучен музеј на Република Северна Македонија – Скопје“, со цел унапредување на образовниот процес и овозможување повеќе практична и интерактивна настава за учениците од основните училишта на територијата на Општината. Во таа насока, градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и директорот на установата, Ивица Заркадов, потпишаа договор за соработка со … Општина Карпош воспоставува нова форма на соработка со Националната установа „Природонаучен музеј на Република Северна Македонија – Скопје“, со цел унапредување на образовниот процес и овозможување повеќе практична и интерактивна настава за учениците од основните училишта на територијата на Општината. Во таа насока, градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и директорот на установата, Ивица Заркадов, потпишаа договор за соработка со кој се предвидуваат континуирани едукативни активности во Природонаучниот музеј.