ДУИ алармира дека по една година пауза повторно се изведуваат градежни работи на дивоградбата на државно земјиште во населбата Чаир, откако претходно Обвинителството отвори истражна постапка, но забраната за градба не е спроведена и работите продолжуваат Повторно се изведуваат градежни работи на објектот на улицата „Ќемал Сејфула“, кој минатата година беше јавно пријавен како дивоградба на државно земјиште, велат од ДУИ . „Во мај 2025 година, поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, излезе на терен и јавно објави дека објектот се гради без проект и без одобрение за градба, на само еден метар од постојната станбена зграда, непосредно пред прозорците и балконите на станарите. По јавната пријава, Обвинителството отвори истражна постапка против инвеститорот. Според тогашното соопштение на Обвинителството, станува збор за шесткатен станбено-деловен објект, започнат без одобрение за градба и на државно земјиште.