Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, се обидува да претстави како демократска јавната анкета за спорниот ДУП за Барутана, но опозицијата Левица бара распишување локален референдум за овој урбанистички план заради сомнежи за јавниот интерес и транспарентност Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски , повторно се обидува преку ПР-соопштенија да ја смени суштината на дебатата околу спорниот Нацрт-ДУП за Барутана, претставувајќи ја задолжителната јавна анкета како доказ дека граѓаните наводно „директно се вклучени во одлучувањето“. Но, јавната презентација и јавната анкета се законски предвиден дел од постапката за донесување на урбанистички план и не претставуваат никаква посебна демократска заслуга на градоначалникот. Граѓаните можат да дадат забелешки, но конечната одлука не ја носат тие, велат од Левица . Од партијата додаваат дека спорниот нацрт-ДУП за Барутана веќе добил политичка поддршка во Советот на Општина Центар од широката коалиција СДС-ДПМНЕ , а сега задолжителната законска процедура се претставува како доказ за некаква посебна транспарентност и демократичност.