Се работи за многу лош пожар со огромен интензитет, предупреди заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, кој апелира пожарот да биде ставен под контрола пред да се приближи до македонска територија. Густиот чад, според неговите информации, веќе ја обвил речиси целата Општина Липково, делови од Општина Арачиново, а се чувствува и во Куманово Голем пожар што беснее на српска територија се приближува кон македонската граница, а густиот чад веќе е забележан над Липково, Арачиново и Куманово. Според информациите што ги објави заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, огнената стихија се движи од правец на српското село Трнава кон селото Стража во Општина Липково, над граничниот премин Табановце.