„Ставен е под целосна контрола пожарот кој неколку денови беше активен на планинатата Жеден, а којшто навлезе во атарот над село Бојане и најверојатно ќе биде целосно изгаснат, изјави вечерва директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов.
Мирисот на чад што се чувствува во некои делови од Скопје, доаѓа од пожарот што се одвива на планината Жеден некаде во атарот на селото Бојане, пожар што од тетовска страна сега полека се префрла кон скопска страна.
„Пожарот е на тешко пристапен терен, соопшти попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов преку видео-порака.