Општина Илинден заврши реконструкција и модернизација на водоводната мрежа на улица „9“ со цел подобро, поефикасно и посигурно водоснабдување, вклучувајќи нови водоводни линии, јазли и противпожарни хидранти кои ќе ги подобрат условите за жителите и ќе овозможат посигурна противпожарна заштита Општина Илинден реализираше проект за реконструкција и модернизација на водоводната мрежа долж улица „9“, со цел да се обезбеди посигурно, поефикасно и поквалитетно водоснабдување за жителите од овој дел на општината.
„Во рамки на проектот е изградена нова главна водоводна линија со вкупна должина од околу 1.200 метри, со која ќе се обезбеди постабилен воден притисок, намалување на хидрауличките загуби и поголема сигурност во водоснабдувањето, особено во летниот период кога потрошувачката на вода е зголемена, извести Општината Илинден.