Како што соопштуваат од издавачката куќа „Сакам книги“, мини библиотеките се поставени на Средно Водно, во Градскиот парк, Парк Македонија, во паркот во Ѓорче Петров, како и во паркот „Авионче“ во Аеродром, каде граѓаните ќе можат бесплатно да позајмат книга, да ја прочитаат и да ја вратат во истата мини библиотека, со што таа ќе Како што соопштуваат од издавачката куќа „Сакам книги“, мини библиотеките се поставени на Средно Водно, во Градскиот парк, Парк Македонија, во паркот во Ѓорче Петров, како и во паркот „Авионче“ во Аеродром, каде граѓаните ќе можат бесплатно да позајмат книга, да ја прочитаат и да ја вратат во истата мини библиотека, со што таа ќе биде достапна за следниот читател. Од „Сакам книги“ најавуваат дека библиотеките периодично ќе се освежуваат со нови наслови, доколку книгите се зачувани и редовно се враќаат. Со поставувањето на мини библиотеките сакаме книгите да бидат таму каде што се луѓето – во парковите, на прошетка, во природа и во срцето на градските населби.