Денеска премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, го означија почетокот на првиот училишен ден во ООУ „Ацо Шопов Првиот училишен ден помина во знакот на многу насмевки, радост и нови другарувања, а особено значаен беше за првачињата кои за првпат седнаа во училишните клупи. Паралелно со почетокот на учебната година, во ООУ „Ацо Шопов“, интензивно се реализираат значајни инфраструктурни проекти. Во завршна фаза е новата надградба на училиштето, со што се реализира децениското барање на жителите на Радишани, а истовремено се гради и новиот затворен пливачки базен.