Според Мицкоски и неговата криминална група ВМРО, Македонија е рај: • Трета економи Според Мицкоски и неговата криминална група ВМРО, Македонија е рај: • Трета економија во Европа (без коментар) • Прва по туризам (можеби поради екскурзијата на ВМРО-ОКГ и Мицкоски). • Лидер во авио-сообраќајот (откако две авиокомпании ги укинаа линиите за Скопје) • Прв аеродром во Европа (најверојатно затоа што младите бегаат од земјата) • Македонската економија е најбрзорастечка (луѓето тонат во сиромаштија, немаат за леб) • Минималната плата е најбрзорастечка (платите останаа 400 евра - македонскиот работник има најниски во Европа) • Куповната моќ е најголема (Граѓаните најдобро знаат дали ова вистина) • Најевтино гориво (дизелот достигна 100 денари) • Најефикасни мерки за поевтинување (на секоја најава за мерки - сè поскапува) • Континуиран раст (на криминални тендери) • Индустриски раст (фабриките се затвораат BMZ и Artex, 3% помалку вработени) • Инвестициски бум (инвестициите паднаа повеќе од 60%) • Седум квартали раст на БДП (Во последниот квартал само 0,3%. Трендот е забавување, а не забрзување). • Зголемени пензии (пари за пензии нема, а вториот столб сакаат да го национализираат) • Буџетот во одлична кондиција (секоја недела ново задолжување, дефицитот на средина од година го потрошија) • Намален долг (државата ја задолжија со над 2,5 милијарди евра само за две години) • Државата е заштитена од енергетски шок (ММФ забележа дека ги користеле државните резерви на енергенси за да го ублажат шокот). Има ли некој што е подобар од Мицкоски? Нема. Можеби само Вучиќ - бидејќи него го копира и црта на табла исто како него.