Пензионерите не се највозрасните граѓани кои го заокружиле својот работен век, туку… Пензионерите не се највозрасните граѓани кои го заокружиле својот работен век, туку тие се најзаслужната категорија на граѓани кои со својата пот и неуморна работа ја граделе државата, пишува во денешното соопштение – интегрален текст од прес-конференција на Дијана Илиевска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Имајќи го ова предвид, уште во опозиција се обврзавме дека нема пензионерите повеќе да бидат заборавени, ниту да живеат на маргините на општеството, туку ќе добијат вистинската грижа од државата за безгрижни пензионерски денови. Ветивме дека секој еден пензионер, односно над 330.000 пензионери, без разлика на износот на пензијата, во својот домашен буџет ќе добие линеарно зголемување од 5.000 денари.