„Летниот период носи зголемен ризик од заболувања поврзани со високите температури, инфекции кои се пренесуваат преку инсекти, како и повреди и здравствени ризици поврзани со активности на вода.
Пред да заминете на патување треба да се информирате за здравствената состојба,… Пред да заминете на патување треба да се информирате за здравствената состојба, присутните заразни болести и потенцијалните здравствени ризици во земјата или регионот каде патувате, најмалку еден месец претходно треба да проверите дали се препорачува вакцинација или превентивна терапија (на пример, вакцинација против жолта треска или профилактична терапија за маларија), да се осигурате дека вие и членовите на вашето семејство, особено децата, ги имате примено сите рутински вакцини, а доколку ви се потребни дополнителни информации, консултирајте се со матичниот лекар или со надлежниот Центар за јавно здравје, стои во препораките за заштита на здравјето при патување кои на својата веб страница денеска ги објави Институтот за јавно здравје, имајќи предвид дека летниот период носи зголемен ризик од заболувања поврзани со високите температури, инфекции кои се пренесуваат преку инсекти, како и повреди и здравствени ризици поврзани со активности на вода.
„Задолжително треба да ги земете лековите кои редовно ги користите, средства за прва помош, антипиретици и аналгетици, лекови за гастроинтестинални тегоби, средство за дезинфекција на раце, репелент против инсекти, крем за сончање со заштитен фактор СПФ 30 или повисок и здравствена документација и полиса за патничко здравствено осигурување (доколку поседувате). За заштита од инсекти нанесувајте репеленти (средства кои ги одбиваат комарците), особено доколку патувате во подрачја каде има ризик од заболувања што се пренесуваат преку комарци.
Ако користите и крем за сончање, најпрво нанесете го него.
„Бремени жени, доилки и деца треба да користат само средства кои ги одбиваат комарците кои се наменети и одобрени за овие категории и секогаш да се следат упатствата за употреба, ако патувате во тропски или суптропски подрачја, земете доволна количина за целото времетраење на патувањето.
Се препорачува употреба на репеленти на база на DEET (30–50%) или икаридин (icaridin/picaridin) кои треба да се нанесуваат на непокриените делови од кожата, да се избегнува контакт со очите, носот и устата.
„Средствата кои ги одбиваат комарците може да се користат во секој период од денот, и во затворен и на отворен простор, строго според упатството на производителот, особено по капење, пливање или интензивно потење.
Задолжително понесете: лековите кои редовно ги користите, средства за прва помош, антипиретици и аналгетици, лекови за гастроинтестинални тегоби, средство за дезинфекција на раце, репелент против инсекти, крем за сончање со заштитен фактор SPF 30 или повисок и здравствена документација и полиса за патничко здравствено осигурување (доколку поседувате). 1. Користете репеленти Нанесувајте репеленти (средства кои ги одбиваат комарците), особено доколку патувате во подрачја каде што постои ризик од заболувања што се пренесуваат преку комарци.
„Се препорачува употреба на репеленти на база на DEET (30–50%) или икаридин (icaridin/picaridin). Нанесувајте ги на непокриените делови од кожата, избегнувајќи контакт со очите, носот и устата.
Пред да заминете: Информирајте се за здравствената состојба, присутните заразни болести и потенцијалните здравствени ризици во земјата или регионот каде што патувате.
„Најмалку еден месец пред патувањето проверете дали се препорачуваат вакцинација или превентивна терапија (на пример, вакцинација против жолта треска или профилактична терапија за маларија). Осигурајте се дека вие и членовите на вашето семејство, особено децата, ги имате примено сите рутински вакцини.