„Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, по повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, упати честитка до граѓаните, во која истакна дека идеалите на илинденците и асномската генерација обврзуваат на градење просперитетна, современа и правна држава.
Идеалите на илинденците и на асномската генерација, како што посочува Костадиновски, нè обврзуваат да создадеме просперитетна, современа и правна држава, во која институциите ќе постапуваат одговорно, а граѓаните ќе имаат доверба дека нивните права и слободи се сигурно заштитени.
„Чин на највисок патриотизам денес претставува вистинската посветеност на владеењето на правото, почитувањето на Уставот и јакнењето на правната држава, наведува претседателот на Уставниот суд.