Господин господин Стефан,по Милоста Божја, Архиепископ Охридски И Македонски, заедно со Светиот А Господин господин Стефан,по Милоста Божја, Архиепископ Охридски И Македонски, заедно со Светиот Архијерејски Синод, по повод илинденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, до монаштвото и до сите чеда на Македонската Православна Црква Возљубени празникољупци, Денес, со трепет и со духовна радост, го прославуваме Илинден – големиот настан од нашата народна и црковна историја, денот кога го чествуваме споменот на светиот и славен пророк Илија, но и кога се сеќаваме на родољубивата и храбра борба на нашите предци за слобода, правда и чест. Денешното празнување е длабоко врежано во спомените на нашиот слободољубив народ. Зашто Илинден не е само празнично одбележување, туку е и сеќавање коешто преобразува, коешто нѐ потсетува на богоугодните дела на светиот пророк Илија, но и на славните илинденци, и коешто нѐ повикува нивните вера и верба да останат да бидат наш пример и патоказ.