Двајца пациенти на возраст од 76 и 66 години од седумте хоспитализирани… Двајца пациенти на возраст од 76 и 66 години од седумте хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести со западнонилска треска се во критична состојба и се на механичка вентилација на одделот за интензивно лекување – изјави попладнево директорот на Клиниката, Фадил Цана, кој рече дека дополнително за уште тројца пациенти, кои се примени со дијагноза акутно заболување на мозокот и мозочната обвивка, во текот на денот се чекаат лабораториските резултати од Институтот за јавно здравје. Тој посочи дека сите седум пациенти се од неколку населби од Скопје, а само еден од нив патувал во Грција. Тројцата за кои дополнително се прават анализи за да се утврди дали го имаат вирусот, појасни Цана, исто така се од Скопје.