„Министерот за правда Јетон Шасивари денеска оствари работна средба со амбасадорот на Република Турција во земјава, Фатих Улусој, на која беше потврдена заедничката определба за натамошно унапредување на билатералната соработка во областа на правосудството и поддршка на реформските процеси.
На средбата беше нагласена успешната соработка меѓу Академијата за судии и јавни обвинители и Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), при што беше изразена заедничка подготвеност таа дополнително да се продлабочи преку организирање меѓународни и билатерални конференции, студиски посети и програми за обука на судии, јавни обвинители и други претставници на правосудните институции . Како особено значајна беше посочена Програмата за размена на искуства во областа на компјутерскиот криминал, реализирана во рамки на Проектот за компјутерски криминал на Советот на Европа, кога Министерството за правда беше домаќин на претставник од Министерството за правда на Република Турција.
„Во рамки на продолжувањето на добрата соработка меѓу Република Турција и Република Северна Македонија, во име на министерот за правда на Република Турција, Акин Ѓурлек, на министерот за правда Јетон Шаќири лично му беше врачена покана за учество на меѓународниот самит „Иднината на правдата“, кој ќе се одржи во Истанбул на 8 и 9 октомври.