„Недостигот на анестезиолози и радиолози е еден од најголемите предизвици во македонското здравство и не може да се надмине за краток период, бидејќи станува збор за специјализации што траат шест години, изјави министерот за здравство Сашо Клековски во „Вести плус“ на телевизија „Канал 5“. – Морам да кажам дека експериментот со приватните специјализации направен во 2018 – 2017 година не ги даде посакуваните резултати, односно не се запишуваа приватни специјализации што кај нас се потребни, туку тоа што докторите го сакале.