Селската слава „Св. Великомаченица Петка Римјанка“ или летна Света Петка, која се… Селската слава „Св. Великомаченица Петка Римјанка“ или летна Света Петка, која се смета за заштитничка на селото, достоинствено беше одбележана во селото Леска, општина Пустец, Мала Преспа. Во чест на овој голем празник, одбележувањата почнаа од синоќа во селската црква „Свети Василиј“ каде беше отслужена Вечерна богослужба а на самиот празник, денеска, Утрена со Света божествена литургија. Послужен беше ручек а имаше и македонска музика и оро, велат од црковниот одбор.