Она што беше јавно потврдено од самите претставници на Владата претставува невиден скандал и сериозен аларм за правецот во кој се турка државата. Владата, во која ВЛЕН беше избран од ВМРО-ДПМНЕ како најсоодветен и најпослушен партнер, додели околу 90 проценти од средствата од програмата за спроведување на Охридскиот договор на организации на српската заедница, се наведува во соопштението од ДУИ, што МИА го објавува интегрално. Охридскиот договор, постигнат по жртвата и политичката борба на Албанците за еднаквост, денес оваа Влада го користи за финансирање на политичките и идеолошките приоритети на друга заедница, додека на Албанците им се укинуваат механизмите за застапеност, им се одзема јазикот од институциите, се отстрануваат од раководните позиции и се заменуваат во државната администрација.