Нивната заштита подразбира секој орган да ги остварува своите надлежности во уставно и законски утврдените граници, со должно почитување на надлежностите и независноста на другите органи.
„Судскиот совет на Република Македонија и Здружение на судиите на Република Македонија остануваат цврсто определено за доследно почитување на Уставот, законите и одлуките на Уставниот суд, но и за бескомпромисна заштита на независноста на судската власт, правото на правично судење и непреченото функционирање на системот на правни лекови.
„Во конкретниот случај, Решението П4-240/22 од 4 мај 2026 година на Основниот граѓански суд Скопје не е правосилно и против него е изјавена жалба, за која треба да одлучува надлежниот второстепен суд.
„Оттука, постапката сè уште е во тек, а оценката на законитоста на првостепената одлука му припаѓа само на надлежниот второстепен суд.
Судскиот совет на Република Северна Македонија и Здружение на судиите на Република Северна Македонија остануваат цврсто определено за доследно почитување на Уставот, законите и одлуките на Уставниот суд, но и за бескомпромисна заштита на независноста на судската власт, правото на правично судење и непреченото функционирање на системот на правни лекови.
„Само преку институционална воздржаност, заемно почитување на уставните надлежности и доследно почитување на законските процедури може да се обезбеди владеење на правото и да се зајакне довербата на граѓаните во институциите.