„Нелегана пренамена од индустриски објект во дискотека спротивно на урбанистичкиот план, како и прегради од гипс-картон и врати кои претставувале директна пречка за евакуација, констатирале вештите лица од Градежниот факултет во градежното вештачење на објектот во кој се наоѓала кочанската дискотека „Пулс“, во кој во пожар загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
На денешното рочиште во судницата во Идризово беа сослушани вештото лице Душица Трпчевска Ангелковиќ, која зборуваше за аспекти од вештачењето поврзани со урбанизмот и вештакот Маријана Лазаревска, која зборуваше во однос на градежните аспекти.
„Лазаревска, во судницата започна со презентирање фотографии од изведба на челични греди и столбови во приземјето на објектот – зграда 1, направени 2012 година, а во функција на направената пренамена од магацин за теписи и теписони, во угостителски објект.