Правниот експерт Дарко Аврамовски оценува дека во конкретниот случај, има пропусти во одлучувањето и на Уставниот суд и на Основниот, меѓутоа, како што посочи, во државава постои недоволно развиена правна пракса а се уште до крај не се диференцирани колкави се надлежностите на Уставниот суд.
„Многу би било добро доколку овој случај е иницијалната каписла која ќе ги седне на иста маса Уставниот суд, Судскиот совет и редовното судство, на која ќе може да се договори некаква предвидливост во постапувањето и на Уставниот суд при одлучување за сторени повреди од страна на редовните судови но и механизмите за примена и давање на практичен ефект на овие одлуки на Уставниот суд од страна на редовните судови.