По повод 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, Венко Филипче истакна дека договорот претставува основа за мир, соживот и демократска иднина, како и дека треба да се негуваат различностите како сила заедно да се гради иднината на Македонија без поделби и омраза По повод 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор , претседателот на СДСМ, Венко Филипче , порача дека договорот е темел на мирот , соживотот и демократската иднина на државата. Филипче нагласи дека Македонија е заеднички дом на сите граѓани и дека различностите треба да бидат наша сила, а не алатка за политички поделби и ширење омраза, но денес, наместо да се негуваат вредностите на мирот, дијалогот и меѓусебното почитување, власта на Мицкоски повторно ги разгорува поделбите и создава атмосфера на страв и омраза. „Денеска одбележуваме 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор со кој беше ставен крај на вооружениот конфликт во 2001 година и се потврди територијалниот интегритет и демократската иднина на Македонија.