Македонија ќе добие современ Национален дата-центар кој ќе ја консолидира расцепканата државна ИТ инфраструктура, ќе обезбеди повисоко ниво на заштита на податоците и ќе создаде основа за развој на нови дигитални услуги и технологии, истакна министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во вечерашното гостување во „Тема на денот“ во централниот дневник на Сител ТВ. Според Македонија ќе добие современ Национален дата-центар кој ќе ја консолидира расцепканата државна ИТ инфраструктура, ќе обезбеди повисоко ниво на заштита на податоците и ќе создаде основа за развој на нови дигитални услуги и технологии, истакна министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во вечерашното гостување во „Тема на денот“ во централниот дневник на Сител ТВ. Според Андоновски, денес државните информациски системи и опрема се распоредени во повеќе од дваесет помали дата-центри и серверски локации, што создава дополнителни трошоци за опрема, електрична енергија, ладење, непрекинато напојување, одржување и безбедност. „Не можете да градите дигитална држава, а истовремено да се грижите за десетици серверски простории и опрема распоредени низ целата држава. Пластично кажано, тоа е како да управувате со 20 мали ниви расцепкани од Охрид до Куманово и од Скопје до Струмица – на секоја локација ви требаат опрема, луѓе, логистика и безбедност.