До 18 часот вечерва регистрирани се вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, еден е под контрола, а 14 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи. Активни пожари: општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер и кракот кон с. Палиград, како и До 18 часот вечерва регистрирани се вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, еден е под контрола, а 14 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи. Активни пожари: општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер и кракот кон с. Палиград, како и над с. Вражале – Општина Зелениково, мешана шума; Општина Гостивар – с. Трново, со ширење кон с. Битово и с. Заград, ниска вегетација и папрат; Општина Чашка – над с. Нежилово, смреки; Општина Градско – помеѓу с. Долно Чичево, со ширење кон с. Подлес, стрниште и ниска вегетација; Општина Прилеп – с. Коњаре, ниска вегетација; Општина Македонски Брод – помеѓу резерватот „Јасен“ и с. Брезница, борова шума; Општина Кавадарци – градската депонија „Мелци“, депонија; Општина Виница – позади салонот за мебел „Мебел Ви“, ниска вегетација.