Во рамки на одбележувањето на 25-годишнината од Охридскиот Рамковен договор, ВЛЕН, како дел од Владата, организираше низа панели и активности посветени на децентрализацијата, локалниот развој, еднаквоста и европската иднина на земјата, пишува во денешното соопштение, што МИА го пренесува интегрално. На овие активности учествуваа копретседателите на ВЛЕН, Изет Меџити и Билал Касами, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, и министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, испраќајќи порака дека Охридскиот договор не е само историја, туку одговорност за сегашноста и иднината. 25 години подоцна, принципите на Охридскиот договор се преточуваат во закони, институции и конкретни инвестиции.