Еден е ставен под контрола, додека шест се активни во моментов, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, на видео објавено на Јутјуб.
„На пожарот на територијата на Македонски Брод, во атарот на село Драгов Дол, денеска користиме специјална техника, односно непосредно до пожарот наместивме голем импровизиран базен од којшто хеликоптерот ќе полни вода и ќе може да фрла врз блискиот оган со кратки циклуси, значи на 4-5 минути ќе имаме едно фрлање на вода, со што значително ќе помогне на локалните пожарникари и на тимот за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување, составен од 25 доброволни пожарникари и пет оперативци на Дирекцијата, кои во суштина претставуваат специјален модел за гаснење на шумски пожар.
На пожарот на територијата на Македонски Брод во атарот на селото Драгов Дол денеска ќе користиме специјална техника, односно непосредно до пожарот наместивме голем импровизиран базен од кој што хеликоптерот ќе полни вода.
„// Пожарот кој повеќе денови се одвива на територијата на Студеничани во атарот на селото Рамни Габер е се уште активен, тој не ја зголемува својата динамика но се движи по тешко и на делови тотално непристапен терен, поради тоа, во текот на денот најверојатно ќе делуваме со ер-тракторите,- - Стојанче Ангелов, директор на Дирекција за заштита и спасување.
„Ефикасноста на полицискиот хеликоптер во гаснењето на пожарот над селото Драгов Дол, во Општина Македонски Брод, е зголемена со поставување монтажен базен во близина на пожарната линија и реката Треска, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.