Од Минитертвото поочуваат дека особено значајно е што поддршката е насочена кон услуги кои се поблиску и подостапни до корисниците во нивните локални заедници, со што се создаваат услови за навремена, континуирана и соодветна поддршка за старите лица, лицата со попреченост и семејствата на кои им се потребни овие услуги.
„Преку Вториот проект за подобрување на социјалните услуги, Министерството за социјална политика, демографија и млади продолжува да ги поддржува локалните заедници во развојот на социјални услуги кои одговараат на реалните потреби на граѓаните и придонесуваат кон поинклузивен, подостапен и одржлив систем на социјална заштита Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска потпиша договори за грант со девет општини во рамки на Првиот јавен повик за развој на социјални услуги на локално ниво, во рамки на Вториот проект за подобрување на социјалните услуги.